Search

Повредени двајца моторџии, едниот удрил во столб, другиот се излизгал

Двајца моторџии од Скопје и од Велес биле повредени во две сообраќајни несреќи, информираше МВР.

Според полицијата, првата несреќа се случила вчера околу 23.30 часот на регионалниот пат Велес- Извор. Тогаш скопјанецот З. П. (30) управувајќи мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола и излетал од коловозот, по што удрил во бетонски ѕид. Тој е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид.

-На 02.06.2019 околу 03.30 часот во Велес на улицата Васил Ѓоргов, М.Ј (26) од Велес управувајќи мотоцикл „пијаџо беверли“ се излизгал со мотоциклот на коловозот и паднал по што е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес. Таму му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид, вела од МВР.

Треба да знаете
Последни објави