Путин и Абе ќе се сретнат на маргините на самитот на Г-20

Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе се сретнат на 29 јуни на маргините од самитот на Г20 во Осака, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по разговорите со неговиот јапонски колега Таро Коно, пренесува ТАСС.

„Ги споредивме забелешките за прашањата за развој на нашите односи во сите сфери во рамките на подготовките за уште еден состанок меѓу Путин и Абе, закажан за 29 јуни, на маргините од самитот на Г20 во Осака”, рече Лавров.

Тој истакна дека министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и Јапонија во четвртокот разговарале за решавање на конфликтите и за развојот на надворешната политика. Самитот на Г-20 ќе се одржи во Јапонија, Осака, на 28-29 јуни.

Токио смета дека редовните средби меѓу јапонските и руските министри за надворешни работи имаат позитивна улога во напорите за постигнување мировен договор, истакна јапонскиот дипломат.

„Редовните состаноци меѓу министрите за надворешни работи на Јапонија и Русија се одлична движечка сила на патот кон мировниот договор”, рече тој.

Според Коно, страните разговарале за прашањето на мировниот договор, вклучувајќи ги и аспектите што двете земји ги гледаат поинаку.

Јапонскиот министер за надворешни работи, исто така, рече дека во согласност со билатералниот договор, страните ќе се воздржат од откривање на деталите од разговорите за мировниот договор.

Треба да знаете
Последни објави