Ел Чека продолжува да објавува „бомби“: Ќе ги објавам сите, па ќе ги испратам во ЦИА

И утрово беа објавени прислушувани разговори од корисникот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Ел Чека.

Тој објави дестина бомби и најавува дека ќе продолжи да ги споделува.

Ел Чека, кој престојува во Чикаго порача дека или криминалците од ДУИ ќе бидат уапсени, или Владата на Заев ќе падне.

„Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани и сите други ќе ја разберат мојата посветеност. Ќе ги објавам сите прислушувани разговори , а потоа ќе ги испратам во ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје“, порача Ел Чека.

Тој во видео обраќање истакна дека доколку му се случи нешто или биде затворен, илјадници луѓе ќе продолжат да ги објавуваат бомбите.

МВР пред неколку дена јави дека во координација со Јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот. МВР ја известило и социјалната мрежа „Фејсбук“ дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис.

Треба да знаете
Последни објави