(Видео) Дачиќ пееше во Грција и скрши чинија

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, минатата ноќ запеа во Паралија по повод отворањето на Канцеларијата на Единствена Србија во тој грчки град.

На свечената вечера што ја организираше претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, за околу 1.200 бизнисмени, Дачиќ ја пееше познатата грчка песна „Не се лути на мене око мое”, а потоа „Пукни зоро” и „Муштулук”.

На крајот, според грчкиот обичај, министерот скрши чинија.

Треба да знаете
Последни објави