Утре и задутре времен режим за сообраќај на булеварот Партизански одреди

На ден 01 и 02.06.2019 година (сабота и недела) на булеварот Партизански Одреди во раните утрински часови ќе се отпочне со изведување на градежно-монтажни работи за поставување на гасоводна цевка со попречен ископ кај крстосница помеѓу булеварот Партизански Одреди и улиците Манапо и Лондонска, информираат од МВР.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници во град Скопје, при што сообраќајот по булеварот Партизански Одреди во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува лево по улица Љубљанска кон булеварот Илинден и десно по улицата Московска кон улицата Митрополит Теодосиј Гологанов.

Сообраќајот што се движи од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува десно по улицата Бледски Договор кон булеварот Илинден и лево по улицата Париска кон улицата Прашка.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по посочените сообраќајници.

Треба да знаете
Последни објави