Турција би можела да распореди системи С-400 на своето јужно крајбрежје

Турција би можела да ги распореди системите за противвоздушна одбрана С-400 што ќе го добие од Русија, на своите брегови на Средоземното Море во близината на Кипар, објави Блумберг, повикувајќи се на „доверливи извори”.

Според истите извори, Турција во следните недели на своето јужно крајбрежје би можела да распореди батерија со ракети С-400, кои би имале дострел до реоните околу Кипар, каде се стационирани бродови што вршат поучување на резервите на природен гас во регионот.

Вашингтон и се закани на Анкара со воведување на санкции поради набавката на С-400, тврдејќи дека користењето на хардверот на овие системи на територија на членка на НАТО би и овозможило пристап на Русија со доверливи воени информации на Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави