Стивен Коен: „Рашагејт“ е најголема закана за американската национална безбедност

Системската американска русофобија која го постигна својот надор со „Рашагејт“, предизвика катастрофа и за домашната политика и за надворешните односи што ја загрозува иднината на американскиот систем, вели професорот од Универзитетот во Њујорк, Стивен Коен за РТ.

„Војна со Русија би можела лесно даизбие ако САД инсистираат на спроведувањето на политиката на демонизација од која се изроди „Рашагејт“ наместо да се вратат кон соработка,“ вели Коен.

Додека НАТО намерно ја антагонизираше постсоветска Русија со проширување до нејзините граници, САД распоредија системи за ракетна одбрана долж тие граници по укинувањето на договорот за оружје, оставајќи го претседателот Владимир Путин без илузии за добрата волја на Западот, но вооружен со нуклеарни проектили кои можат да го избегнат секој систем за противракетна одбрана.

„Сега е време за сериозен нов договор за контрола на оружјето. А што добиваме наместо тоа? Рашагејт,“ вели тој.

Коен верува дека теоријата на заговор – која останува на насловните страници во американските медиуми и покрај тоа што е целосно дискредитирана како од страна на независни истражители така и од извештајот на специјалниот советник Роберт Мјулер – е дело на ЦИА и на нејзиниот поранешен директор, Џон Бренан, кои се против каква било соработка со Русија.

Јавниот обвинител Вилијам Бар, кој го истражува ФБИ за тоа како почнала контраразузнавачката истрага во 2016 година, треба да ги истражи Бренан и неговата агенција, вели Коен.

„Ако нашите разузнавачки служби се надвор од контрола до тој степен што најпрво можат да се обидат да уништат претседателски кандидат, а потоа и претседател, ние треба да го знаеме тоа”, вели Коен. “Ова е најлошиот скандал во американската историја, барем од Граѓанската војна,” нагласува Коен.

Штетата што ја предизвика оваа катастрофа не запре на американската граница.

„Идејата дека Трамп е руски агент е катастрофална за нашите сопствени институции, за претседателството, за нашиот изборен систем, за Конгресот, за американските мејнстрим медиуми, а да не ја спомнуваме штетата што е направена на американо-руските односи “, вели Коен.

Треба да знаете
Последни објави