Search

СДСМ: Место да повикаат на одговорност, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат насилството од 27 април

Наместо да повика на одговорност, правда и правичност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се ставаат во заштита на насилниците и осомничените организатори на насилството од 27 април.
Исто како неговиот ментор, Никола Груевски, и Христијан Мицкоски го брани насилството на 27-ми април, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират дека правда мора да има, дека бруталниот упад во Собранието од 27 април кога се случи обид за убиство на пратеници и државен удар, мора да се расчисти до крај.

,,За основаноста на било кое обвинение не одлучува ВМРО-ДПМНЕ туку надлежни судски органи и опозициската партија треба да ги остави институциите да го расчистат случајот а сите инволвирани да се соочат со одговорноста. Особено што искази на осомничени за случајот и јавно достапни информации покажаа дека токму во луксузниот дворец, „на осмиот спрат“ во седиштето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се кооридинирале активности за бруталниот упад во Собранието на 27 април.Кои и да се нивните имиња, каква и да е поврзаноста, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април мора да сносат одговорност согласно законите, низ соодветна транспарентна судска постапка”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави