СДСМ: Единствено Мицкоски не се радува на успехот на земјава, му стана навика да премолчува за успесите на државата, економијата се движи во добра насока

Додека сите ги препознаваат и честитаат за успешните реформи и најпозитивниот Извештај на Европската комисија, Христијан Мицкоски се уште не собра храброст да ја поздрави безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ. За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стана навика да ги премолчуваат успесите на државата.

По години стагнација, во изминатата година прикажан е напредок во развојот на економијата, имаме поголем економски раст а директните странски инвестиции од 625 милиони евра исто така беа рекордни.

Реалните податоци ја потврдуваат успешноста на економските политики и реалното придвижување на економијата. Мицкоски покажува основно непознавање од економијата.

Растат платите во сите сектори, а постојано расте и просечната плата која во март 2019 година е повисока за 3,8 отсто во однос на истиот месец во 2018 година и изнесува 24.580 денари. Забележан е раст на индустриското производство кое во првите четири месеци од 2019 е поголемо за 7,9 отсто споредено со истиот период во 2018, а расте и извозот и бројот на работниците во индустријата.

Ова само дел од економските показатели што ја докажуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ, што е нотирано и во Извештајот на ЕК, каде прецизно стои дека по години стагнација земјава повторно има економски раст.

Република Северна Македонија продолжува напред колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави