Руски патролен брод ги следи вежбите на НАТО долж брегот на Бугарија

Патролниот брод на руската црноморската флота „Сметливи“ го напушти Севастопол и моментно е на пат кон бугарското крајбрежје за да ги надгледува вежбите на НАТО, за ТАСС изјави извор од регионалните безбедносни сили.

Серија мултинационални и национални вежби ќе се одржат во мај и јуни 2019 година на територијата на Бугарија, Романија, Унгарија, Хрватска, Словенија и Северна Македонија, по иницијатива на НАТО.

Речиси 6.000 офицери од Бугарија, САД, Велика Британија, Украина, Грција, Северна Македонија, Канада и Италија ќе земат учество во вежбите.

Целта на вежбите е да се подобри способноста на оперативните сили и компатибилноста на различни воени единици.

Треба да знаете
Последни објави