НБА-ѕвездата Ламар Одом призна дека спиел со 6 жени неделно и платил безброј абортуси

Некогашната НБА-ѕвезда и поранешен сопруг на Клои Кардашјан, Ламар Одом, во своите мемоари призна дека постојано ja изневерувал познатата старлета. Неговиот живот со години се сведувал на уживање во дроги и секс со проститутки, а Клои знаеше речиси за сите негови авантури и често ги тепаше неговите љубовници. Најновите делови од мемоарите раскажуваат за многуте жени со кои спиел и им плаќал абортуси.

https://www.instagram.com/p/Bx40HuECaMc/?utm_source=ig_embed

„Спиев со пет или шест жени неделно. Жените ми беа бегство од реалноста, но многу од тие односи беа незаштитени и платив безброј абортуси во тие години”, вели Ламар, кој на врвот од својата зависност се предозира во бордел со проститутки.

https://www.instagram.com/p/ButgoQOl57S/?utm_source=ig_embed

Во мемоарите тој призна дека Клои е љубовта на неговиот живот и дека би дал сè за таа да му се врати. Тие биле венчани од 2009 до 2016 година, а Клои била со него додека закрепнувал од предозирањето.

Треба да знаете
Последни објави