Кутињо се сели во ПСЖ?

Филипе Кутињо на почетокот на 2018-та година пристигна во Барселона од Ливерпул како големо засилување, но Бразилецот не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“.

Барселона за неговиот ангажман потроши околу 150 милиони евра и јасно е дека од Кутињо се очекуваше далеку повеќе. Со оглед на тоа што пред трансфер во каталонскиот клуб е Антоан Гризман, голема е веројатноста Кутињо да ја напушти Барселона.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Кутињо можно е наскоро да се пресели во редовите на париски ПСЖ, но како позајмен играч, затоа што Парижаните избегнуваат да купуваат фудбалери поради финансискиот фер плеј.

Наводно ПСЖ и Барселона се согласиле Бразилецот да се пресели на „Паркот на принцовите“ веќе ова лето, а идното лето парискиот клуб целосно да го откупи неговиот договор.

Треба да знаете
Последни објави