Егзекутиран висок севернокорејски дипломат, тврди јужнокорејски весник

Специјалниот претставник на Државниот совет на Северна Кореја за политика кон САД Ким Хјок Чол бил егзекутиран во март по средбата која заврши без резултат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Ова денеска го објави конзервативниот јужнокорејски весник „Чосун Илбо” (The Chosun Ilbo) повикувајќи се на свои извори во Северна Кореја.

Според весникот, биле егзекутирани и четворица претставниви на севернокорејското Министерство за надворешни работи кои учествуваче во преговорите. Тие биле обвинети за шпионажа во полза на САД.

Уште неколку учесници на средбата, меѓу кои и преведувачот на Ким, биле испратени во поправни логори, пишува „Чосун Илбо”.

Треба да знаете
Последни објави