Борците против климатски промени се закануваат дека ќе го затворат аеродромот „Хитроу“

Група за протест против климатските промени вели дека размислува да употреби беспилотни летала да го затворат аеродромот „Хитроу“, најпрометниот во Европа, во текот на првите две недели од јули.

Групата, која минатиот месец ги затвори патиштата во Лондон повеќе од една недела, вели дека размислува тоа да го направи на 18-ти јуни, попречувајќи ја работата на аеродромот во наредните две недели, доколку владата не се откаже од планираното проширување на „Хитроу“.

Минатата година британскиот парламент гласаше за изградба на нова писта за да се намали притисокот врз аеродромот кој работи со речиси целосен капацитет. Потегот наиде на остра критика од активистите за заштита на животната средина, кои ја повикаа земјата да се оттргне од својата зависност од патување со авион.

Во своето соопштение, групата рече: „На 18 јуни, планираме да спроведеме ненасилна директна акција за да се погрижиме дека ‘Хитроу’ ќе биде затворен за тој ден, за да се направи „пауза“ во знак на признавање на геноцидното влијание на активностите со висок јаглерод, како што е летањето, врз природниот свет“.

Тие додадоа дека доколку владата не ги откаже плановите за проширување на ‘Хитроу’, групата ќе дејствува за да го затвори аеродромот до најмногу 10 дена, почнувајќи од 1 јули.

„Овде не се работи за таргетирање на јавноста, туку за барање одговорност од владата во врска со климатската и еколошката криза“, додаваат тие.

Треба да знаете
Последни објави