Силесен: Барселона воопшто не ми помага со сумата која ја бара за мене

Според сите најави, Јаспер Силесен го одигра својот последен натпревар во дресот на Барселона за време на куп финалето со Валенсија кое каталонците го загубија со 2:1, но пред да биде и официјално отворен летниот преоден рок, холандскиот чувар на мрежата излезе со една изјава која послужи како директна порака до управата на клубот.

Самиот Силесен пред извесно време навести дека најдобро за него ќе биде ако си пронајде нов клуб и нова средина во која ќе добива далеку поголема минутажа, откако стана јасно дека Марк Андре Тер Штеген е неприкосновен како прв голман во редовите на Барселона. Јаспер доста добро одговори на натпреварите во Копа дел Реј и за неговите услуги има доста заинтересирани клубови, но голем проблем може да претставува тоа што шпанскиот првак сака доста многу да заработи од чуварот на мрежата.

Барселона не планира лесно да се ослободи од Силесен и почетната сума која ја постави изнесува 60 милиони евра, цена која може да направи проблем при започнување на едни преговори.

– Воопшто не помага тоа што Барселона бара 60 милиони евра за мене. Засега сум мирен, ќе почекаме и ќе видиме како ќе се одвиваат работите, – изјави Силесен.

Треба да знаете
Последни објави