Мексиканскиот претседател повика на дијалог за миграцијата со Трамп

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор повика на дијалог после најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за нови царини за мексикански стоки со кои сака да изврши притисок врз латино – американската земја да вложи повеќе напори за да ја спречи илегалната миграција кон САД .

Во писмо упатено до неговиот американски колега, Обрадор вели дека бара дијалог, а не конфронтација со неговиот северен сосед, објаснувајќи дека социјалните прашања поради кои се иселуваат мигрантите во САД „не можат да се решат со царини или принудни мерки”.

– И ве молам, запомнете дека не ми недостасува храброст, дека не се однесувам кукавички, ниту се плашам, туку дејствувам според принципи. Ништо со сила, се со причина и според закон, истакна мексиканскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави