Search

САД досега ги погодија 55 торнада, најмалку една жртва

Еден човек загина, а најмалку 130 се повредени во неколку торнада во американските држави Охајо и Индијана, јавија локалните медиуми.

Доцна синоќа големо и опасно торнадо го зафати и западниот дел на Канзас Сити, во државата Канзас, објави Националната метеоролошка служба. Според властите, најмалку 11 лица се повредени. Големината на штетата во моментов не е позната.

Во изминатите две седмици во САД е регистрирана невообичаено висока активност на торнада, и засега нема најава за промена на ситуацијата.

– Има реони кои навистина наликуваат на воена зона, изјави градоначалникот на Селина, Џефри Хејзел, каде загина еден 82-годишен маж.

Националната метеоролошка служба соопшти дека во Индијана имало 14 торнада, во Колорадо 12, девет во Охајо, седум во Ајова, пет во Небраска, четири во Илиноис, три во Минесота и едно во Ајдахо. ј

Треба да знаете
Последни објави