Search

Маж се запали во близина на Белата куќа

Неидентификуван маж се запали во Вашингтон во парк што се наоѓа во близина на Белата куќа. Од противпожарната бригада на Вашингтон за Си-ен-би-си потврдија дека мажот со изгореници бил пренесен во болница.

Портпаролот на Тајната служба на САД, Џефри Адамс, истакна дека обезбедувањето на Белата куќа реагирало за миг.

Според неговите зборови, мажот бил хоспитализиран и засега немаат информации за неговата здравствена состојба.

Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидл, не сакаше да го коментира настанот.

Треба да знаете
Последни објави