Search

Жичарницата на Водно утре нема да работи до 12 часот

Поради одржување на „Алпинистичка вежба-Водно 2019“, Жичарницата на Водно утре, 30 мај, нема да работи до 12 часот.

Автобусите што сообраќаат кон Средно Водно ќе возат по вообичаениот возен ред.

Времениот прекин на работата на Жичарницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата, која ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи и ЈСП Скопје како субјект кој стопанисува со Жичарницата.

Треба да знаете
Последни објави