Search

Ел Чека: Ме откриле дека јас сум ги објавил, а мојот профил е јавен, Бог да ги благослови Албанија и Америка

Објавувачот на најновите „бомби“ кои се однесуваат главно на ДУИ, на Фејсбук потпишан Ел Чека, вечерва се исмеваше со известувањето дека МВР открило кој стои зад профилот од каде се објавени прислушуваните материјали.

-Глупоста на ДУИ нема крај, ме откриле? Да, мојот профил е јавен и има слики од мене. И ова го нарекуваат криминал? Зарем убиствата на борците на УЧК и Албанците не се криминал? Ќе биде ли некој осуден за тоа?
Бог да ги благослови Албанија и Америка!, напиша Ел Чека на Фејсбук.

На својот профил тој има објавено и дека се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље, Командант Соколи и се договориле да ги објави сите „бомби“ кои ги има.

https://www.facebook.com/el.cheka.7/posts/146894986447749

Извор: Фокус.мк

Треба да знаете
Последни објави