Лотито: Јувентус нема да ми се јави за Милинковиќ Савиќ, добро знаат што направив со Кеита!

Јувентус во овој момент како главна задача има поставено да пронајде нов тренер за наредната натпреварувачка сезона, а во зависност од тоа кое име ќе пристигне во Торино, доста брзо ќе се знае каков ќе биде проектот на „бјанконерите“ кога е во прашање трансфер пазарот.

Паратичи јасно стави до знаење каков е ставот на клубот за Пауло Дибала, но во Италија на големо се шпекулира дека Јувентус ова лето ќе го купи играчот за врска кој не успеа да го доведе минатата година. Србинот Сергеј Милинковиќ Савиќ е мета на италијанскиот првак уште од лани, а според медиумите, само прашање на време е кога Јувентус ќе „додаде гас“ и ќе ги договори личните услови со фудбалерот.

Сепак, ваквите најави воопшто не му се допаѓаат на првиот човек на Лацио, кој денеска ја потсети јавноста што направил со последниот играч од неговиот тим кој сакал да го купи Јувентус.

– Милинковиќ Савиќ не е на продажба. Но, исто така вистина е дека ако понудата која ќе пристигне е доволна добра за клубот и играчот, ќе мора да седнеме и да разговараме заедно за тоа. Јувентус никогаш не ме запрашал за Сергеј, а познавајќи ги нив, нема да го направат тоа. Во животот прашуваше само за работи кои се изводливи. Јуве се обиде на свој начин да го „украде“ Кеита од нас, а наместо тоа, на крај го продадов на Монако за сума од 30 милиони евра, – потсети Лотито.

Треба да знаете
Последни објави