Гатузо денес добива отказ?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Џенаро Гатузо во текот на денешниот ден ќе добие отказ од управата на Милан.

Сезоната во италијанска Серија А заврши во неделата, а Милан повторно остана без пласман во Лигата на шампионите. Иако избраниците на Гатузо славеа на гостувањето во последното коло кај СПАЛ со 2:3, сепак тоа не беше доволно за пласман меѓу првите четири екипи и пласман во најелитното европско клубско натпреварување.

Како што пренесуваат италијанските меедиуми, голема е веројатноста Гатузо веќе денес да добие отказ. Наводно одлуката била донесена доцна синоќа после состанокот помеѓу извршниот директор Иван Газидис и Гатузо.

Најверојатно двете страни заеднички ќе го раскинат договорот, со оглед на тоа што на Гатузо му остануваат уште две години од неговиот договор. Се шпекулира дека Гатузо се согласил да се откаже од 90% од платата која требало да ја добие од Милан за остатокот од договорот.

Треба да знаете
Последни објави