Ако се одлучат да го отпуштат Валверде, од Барселона ќе се насочат кон ангажман на…

Се повеќе се шпекулира дека поразот од Валенсија во финалето од Купот на кралот ја прелил чашата, па од раководството на Барселона ќе му врачат отказ на Ернесто Валверде.

Прв избор на раководството на каталонскиот клуб за наследник на Валверде е 45 годишниот шпански стратег и актуелен селектор на Белгија, Роберто Мартинез.

Според некои медиуми првичните преговори се веќе започнати и се очекува конечен епилог од оваа разврска во следните неколку денови.

Проблем може да претставува тоа што Мартинез има важечки договор со Белгија со која го освои третото место на последното Светско првенство одиграно во Русија.

Треба да знаете
Последни објави