Познато кога Антонио Конте ќе биде назначен за нов предводник на Интер

Веќе нема дилеми, и покрај фактот што Спалети го однесе Интер во Лигата на шампионите, наскоро ќе стане поранешен тренер на клубот, а на негово место ќе дојде Антонио Конте.

Стратегот кој последно работеше во Челси ќе биде потврден како тренер на Интер во среда, а официјалната промоција на прес конференција ќе се одржи еден ден подоцна, во четврток.

Стратегот кој има низа успеси во минатите години се согласил на тригодишен договор со Интер со кој ќе заработува 12 милиони евра.

Антонио Конте веќе им дал до знаење на челниците на клубот кои играчи ги посакува, а како први трансфер цели се споменуваат Ромелу Лукаку и Виктор Мозес

Треба да знаете
Последни објави