Пласманот во Премиер лигата во „втор план“: Победникот од средбата меѓу Дерби и Астон Вила ќе инкасира вистинско богатство

Вечерва на „Вембли“ се игра одлучувачкиот натпревар околу тоа кој ќе биде последниот патник во Премиер лигата следната сезона.

Копјата на најубавиот англиски стадион ќе ги вкрстат Астон Вила и Дерби Каунти кои се надеваат на победа која освен пласман во најелитното англиско натпреварување ќе им донесе и неверојатна сума на пари.

Имено, победникот од овој дуел ќе заработи неверојатни 170 милиони фунти, сума која е за десет пати поголема од освојувањето на Лигата на шампионите.

Победа на денешниот натпревар на некоја од двете екипи ќе им донесе повеќе пари отколку да ги обединат титулите во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, што значи и двата клуба имаат екстра дополнителен мотив за славење.

Треба да знаете
Последни објави