Search

Николовски на прашањето дали е човек на Шекеринска или Заев: Во СДСМ владее единство

Новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување на 1ТВ на прашањето дали е човек на Шекеринска или на Заев, одговори дека во СДСМ има огромно единство.

-Постои огромно единство во СДСМ. Вчерашната дебата покажа дека такви одлуки се носат во една силна демократска атмосфера. Имаше различни статови за различни политики, и претходно имало членови кои различно дискутирале од претседателот Заев, рече Николовски.

Извор: Фокус.мк

Треба да знаете
Последни објави