Search

Почеток на активностите за традиционалното искачување на Титов Врв

Со акција за чистење смет во близина на хотелот „Попова Шапка”,  трибина на тема: „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите”, натпревар за брзо местење шатори и изложба денеска на Попова Шапка ќе почнат активностите за традиционалното искачување на Титов Врв во организација на планинарскиот клуб „Љуботен” од Тетово.

Искачувањето е закажано за утре и ќе се одвива по маркираната планинарската патека „Вакуф” (маркацијата е стандардна, дополнета со црвено бели знаменца).

Стартот на 38-то искачување е закажан за 6:30 часот пред платото на хотелот „Попова Шапка” и е посветено на проф. Љупчо Меловски, кој беше голем вљубеник и познавач на Шар Планина, заштитник на животната средина и голем подржувач на активностите на клубот.

Патеката е средно тешка. Има вкупна должина од 14 километри во еден правец и висинска разлика од 1.047 метри. Се движи по тревна површина, по каменит предел и делумно е покриена со снег. Планираното просечно потребно време на искачувањето изнесува четири часа, а за враќање е потребно приближно истовреме како и за искачувањето и е закажано за 12:00 часот.

Настанот е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ” организирана од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави