Возел во рикверц па прегазил старец

Старецбил повреден откако во него удрил автомобил, вчера во Ново Село, информираше МВР.

Сообраќајната несреќа се случила околу 14 часот на улицата Мануш Турновски. Тогаш автомобил „опел зафира “ што го управувал О.Г(45) од Ново Село при враќање на возилото наназад удрил во пешакот Д.Р (72) од Ново Село. Пешакот се здобил со  повреди. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави