Search

Суспендирани пратеничките мандати на притворените каталонски лидери

Долниот дом на шпанскиот Парламент денеска ги суспендира  пратеничките мандати на четворица каталонски политичари, кои се во затвор поради бунт и други обвиненија.

Претседателката на Конгресот, Меричел Батет, рече дека колегиумот на Конгресот на пратеници, согласно Кривичниот законик, одлучил да ги суспендира мандатите на поранешниот потпретседател на каталонскиот регион Ориол Жункерас и тројца сепаратистички лидери.

Овие четворица Каталонци, како и уште еден кој освои место во Сенатот, добија мандати на изборите, кои се одржаа минатиот месец.

Шпанскиот Врховен суд им одобри да учествуваат на првата седница на Парламентот, придружувани од полицијата, и да положат заклетва.

Треба да знаете
Последни објави