Search

САД подигнаа нови 17 обвиненија против Асанж

САД подигнаа ново обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, тврдејќи дека ги довел во сериозна опасност со објавување на повеќе илјади строго доверливи документи, вклучувајќи ги и имињата на доверливите извори на вооружените сили.

Американското Министерство за правда издаде обвинение против Асанж од 18 точки.

Во новото обвинение се тврди, меѓу другото, дека Асанж правел заговор со поранешната американска разузнавачка аналитичарка Челзи Менинг во обид да пристапи до доверливи информации, вклучително и извештај на Стејт департментот за војните во Ирак и Авганистан.

Асанж (47) е моментално во затвор во Лондон откако Еквадор го укина азилот и на тој начин спречи понатамошен престој во зградата на амбасадата на Еквадор во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави