Search

Помпео на состанок со Меркел во Берлин на 31 мај

Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Берлин, која беше откажана по кратка постапка, повторно е закажана за 31 мај, изјави денеска портпаролка на германската Влада.

Помпео требаше да ја посети Германија на 7 мај за да разговара со канцеларката Ангела Меркел, но таа беше откажана во последен момент поради неговата ненајавена посета на Ирак.

Според информациите од германската Влада, Меркел во разговорите со Помпео ќе истакне дека тензиите меѓу САД и Иран, поради неговата нуклеарна програма и улогата на Блискиот Исток, мора да се решат мирно. 

Треба да знаете
Последни објави