Search

Алијанса за Албанците: Фондот за здравство во четири очи ги зголемил референтните цени на кардиохируршките операции

Од сигурни извори дознавме дека Фондот за здравство во четири очи ги зголемил референтните цени на кардиохируршките операции за 15-30%, со оправдување дека овој потег е како резултат на “кумулативната инфлација”, односно зголемување на цените на потрошниот материјал за кардиохируршките интервенции во светски рамки.

Сето ова може и да биде точно и логично, но растот на овие цени два пати за една година ни дава право да се сомневаме дека се работи за нов скандал ако ги споредуваме замрзнатите цени на другите интервенции во текот на неколку децении и обезбедување на големи средства за овие операции кои се прават само во приватните болници “Аџибадем” (6,5 милиони) и “Жан Митрев” (9,1 милиони евра) за 2018 година. Исто така, треба да се сфати дека цената на овие интервенции го достигна истото ниво или го поминале во споредба со болниците во регионот, како што се Бугарија, Србија, Турција итн. каде што животниот стандард е поголем од оној на Северна Македонија.

Комисијата за здравство на Алијансата за Албанците бара итно скандалот да се предаде во обвинителството, но зошто да не биде опфатен и од “метлата на Заев”, додека Министерството за здравство да објасни до каде е проектот на државна кардиохирургија и зошто се инвестираат толку големи средства во приватните болници, а не на формирање на кадар и обезбедување на оптимална инфраструктура за државната кардиохирургијав. Истотака прашуваме кога ќе бидат претставени првите резултати и костбенефитот на миграцијата на педијатриската кардиохирургија од јавното здравство во приватното во рамките на и така не добро дефинираниот проект на јавно-приватното партнерство.

Треба да знаете
Последни објави