Search

Концерт на Лиза Џерард на 8 октомври во Македонската филхармонија

Австралиската пејачка Лиза Џерард на 8 октомври ќе одржи концерт во Македонската филхармонија. Билетите се пуштени во продажба, од кои првите 300 се по цена од 1.000 денари.

Лиза Џерард е родена и живее во Австралија, каде што и ја започнува својата кариера пред речиси 40 години. Прилично експерименталната пост панк музичка сцена на крајот на 70-ите во Мелбурн ја спојува со Brendan Perry, со кој во 1981 го создаваат уникатниот проект Dead Can Dance, кој опстојува и денес со неколку креативни прекини.

Во професионалната биографија на Лиза Џерард се впишани неколку соло проекти, како и музика за филм, на кои таа се потпишува и како авторка, но и како изведувачка. Така, за музиката за епскиот спектакл Гладијатор, таа и композиторот Ханц Цимер беа наградени со Златен глобус.

Лиза Џерард ќе настапи со женскиот хор од соседна Бугарија, добитничките на престижната Греми награда, The Mystery Of The Bulgarian Voices.

Треба да знаете
Последни објави