Search

Камионџија тешко повреден кај Демир Капија

Скопјанецот С.Ј.(37) бил повреден кога со камионот што го управувал излетал од пат, вчера кај Демир Капија.

Според полицијата сообраќајката се случила во 19.40 часот на автопатот Демир Капија – Миравци, кај месноста Јаворица. Камион „волво“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка „кроне“, управуван од С.Ј. од селото Петровец, излетал надвор од коловозот.

Притоа, со тешки повреди се здобил возачот С.Ј, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Итна медицинска помош Неготино, од каде бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Треба да знаете
Последни објави