Петлињата на ФК Кул Здравје од Кисела Вода го освоија Купот на Македонија

Помладите петлиња (генерација 2005) на ФК „Кул Здравје” од Кисела Вода го освоија Купот на Македонија. Тие на тренинг – центарот „Петар Милошевски” во финалната пресметка против екипата на „Вардар” со победа од  2-1  го освоија пехарот.

Победничките голови за ФК „Кул Здравје” ги постигнаа: Стефан Петрушевски и Даниел Васиќ.

-За нашите фудбалери освојувањето на Купот на Македонија е голем мотив за уште подобра работа и уште поголеми успеси во младинските категории во нашата држава – изјавија од клубот од Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави