Лацио го освои Купот на Италија

Избраниците на Симоне Инзаги славеа во големото финале против Аталанта со 2:0 и го освоија Купот на Италија.

Лацијалите со синоќешниот триумф на преполниот „Олимпико“ ја освоија седмата титула во Купот на Италија.

Средбата ја одбележа големата борба на средината на теренот во првиот дел, за во продолжение фудбалерите на Лацио да ја превземат иницијативата и на крајот заслужено да слават.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ го отвори резултатот во 82-ра минута, а во самиот финиш победата ја потврди Хоакин Коеа кој ги постави конечните 2:0.

Треба да знаете
Последни објави