Search

(Фото) Две тешки сообраќајки во Скопје, тројца загинати

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопско Драчево, при што загинале три лица, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, несреќата се случила кога се судриле автомобил и камион. Тројца загинале на самото место, а двајца се повредени. Сообраќајот е во прекин. Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Уште една сообраќајка се случила вечерва на булеварот Трета Македонска бригада.

Во незгодата учествувале два автомобили кои се судриле во близина на поштенското средно училиште. Засега нема информации за повредени или загинати лица.

 

Треба да знаете
Последни објави