Search

Строги забрани за носење ладно оружје во Германија

Федералните провинции во Германија размислуваат за воведување строга забрана за носење ладно оружје на јавни места, објавија локалните медиуми.

Горниот дом на федералниот Парламент (Бундесрат) разгледува предлог закон со кој се забранува внесување ножеви во трговски центри, железнички станици и на масовни собири, пишува весникот „Саарбрукер цајтунг”.

Авторите на текстот од провинциите Бремен и Долна Саксонија се поттикнати на ваков чекор поради големиот број напади со нож во Германија.

Освен што забраната ќе важи за носење ножеви на места каде има многу луѓе, предлог законот ги предвидува како незаконски сите сечила со должина над шест сантиметри. Моментно лимитот на сечилата изнесува 12 сантиметри. Предвидена е целосна забрана и за т.н. автоматски ножеви.

Весникот тврди дека се очекува Бундесратот да го одобри овој предлог закон.

Треба да знаете
Последни објави