Search

Момче претепано пред поликлиниката „Ченто“

Скопјанецот Б.Л (22) ноќеска во 2.35 часот пријавил дека  околу 1.55 часот пред поликлиниката Ченто физички бил нападнат од  четири непознати лица кои повеќепати го удриле со тупаници по главата и телото.

Му нанеле видливи повреди, црвенило и оток во пределот на лицето. Според пријавата, до физичкиот напад дошло без повод и причина, односно додека Б.Л. се движел пеш по улицата Маџари  од зад грб му пришле четворицата на возраст од 18 до 24 години и почнале да го тепаат. По нападот се качиле во автомобил „рено модус” и избегале. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави