Search

Меморијална велосипедска тура во чест на загинатите во Диво насеље

По повод годишнината од трагичните настани во кумановско Диво насеље, денеска ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура „Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи”, на која ќе учествуваат околу 150 велосипедисти.

– Турата ќе почне во 7.00 часот од бензинската пумпа на „Макпетрол” на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје, до гробиштата во село Студеничани, „Камник”, село Стајковци, гробиштата „Бутел”, касарна „Илинден” и „Ѓорче Петров”, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, село Брвеница, во продолжение по автопатот до село Зубовце (Гостивар) и ќе заврши на гробиштата во Гостивар, соопшти МВР.

Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофреквентни крстосници.

Треба да знаете
Последни објави