Search

Десковска ќе посредува меѓу Филипче и Адеми за уписот на невакцинираните првачиња

Министерот за здравство, Венко Филипче повтори дека нема да биде повлечена одлуката во училиштата да се запишуваат само вакцинирани деца, информира телевизија Алсат. Филипче рече дека само така ќе се стави крај на епидемија на морбили, но конечната одлука ќе се знае во понеделник, по средбата со министерот за образование, Арбер Адеми и со министерката за правда Рената Дескоска.

Вчера пак министерот Адеми рече дека образованието е задолжително и децата мора да се запишуваат, но призна дека имало закриженост кај родителите поради конктрадикторноста на двата закони.

Филипче информираше дека во критична состојба и понатаму остануваат двајца пациенти на клиниката за инфективни болести каде вкупно се згрижени 30 лица заразени од морбили.

Од почетокот на  годинава во земјава од морбили заболеле над 1.400 лица, а 4 деца починаа поради компликации од вирусот.

Треба да знаете
Последни објави