Search

Иванов се сели во кулите на Џевахир

Претседателот Ѓорѓе Иванов побарал кабинетот кој законски му следува по завршувањето на функцијата да биде во кулите на турски „Џевахир Холдинг“ во скопски Аеродром, пренeсува „360 степени“.

Од повеќе неофицијални информации, се дознава дека канцелариите на Иванов ќе бидат на два ката во една од зградите. Едниот простор, за службените обврски на неговиот кабинет, е на 22 кат.

Просторот за библиотека и состаноци е близу самиот врв, на 38 кат, а вкупната месечна кирија, неофицијално, е околу 2000 евра месечно.

Треба да знаете
Последни објави