Бакајоко пред шокантен трансфер во Интер

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота ја разгледува можноста да го привлече Тиемуе Бакајоко по крајот на сезоната, пренесе „Спорт Медијасет”.

Францускиот играч од средниот ред на Челзи игра како позајмен во Милано, но во изминатите неколку недели тој влегува од скандал во скандал. Пред неколку дена, Французинот разменуваше навреди со менторот Џенаро Гатузо на клупата на натпреварот против Болоња, и се чини дека неговата авантура во „црвено-црниот” дрес заврши.

Милан има можност да го задржи Бакајоко со активирање на неговата клаузула од 35 милиони евра, но ова е малку веројатно да се случи поради лошата дисциплина на играчот.

Идејата на Интер и Марота е Бакајоко да го засили тимот за 5-6 милиони евра и клаузула за откуп од 30 милиони евра, која ќе се вклучи во договорот.

Трансферот на Французинот во „нероазурите” е дел од планот на клубот за зајакнување на средниот ред, без разлика дали на клупата ќе бидат Лучано Спалети или Антонио Конте.

Треба да знаете
Последни објави