Суарез: Изгледавме како ученици на „Енфилд”

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез беше силно самокритичен по поразот со 0:4 од Ливерпул на „Енфилд”. Уругваецот го заштити тренерот на тимот Ернесто Валверде и истакна дека е недозволиво играчите да дозволат ваков пресврт во Лигата на Шампионите втора година по ред.

– Треба да сме подготвени за сите критики кои сега ќе се истурат врз нас. Многу сме тажни, болката е голема. Изгледавме како ученици при четвртиот гол. Ние сме оние кои играат на теренот. Тренерот се обложи на истата тактика како и во првиот дуел. Требаше да се обидеме да го сториме истото тука, изјави напаѓачот на Каталонците.

Тој додаде дека мора да се извинат за нивниот однос на теренот.

– Мораме да бидеме многу самокритични, бидејќи истото ни се случува по вторпат. Не можеме да ги правиме истите грешки две години по ред. Има многу работи за кои треба да се размислува, додаде стрелецот.

Треба да знаете
Последни објави