Search

Анчелоти го одобрил трансферот на Диего Кошта

Менаџерот на Наполи е заинтересиран за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Кошта. Италијанците се надеваат дека ќе го привлечат фудбалерот во летниот трансфер прозорец.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, има добро мислење за Шпанецот и го одобрил неговото доаѓање во тимот, објави „Газета дело Спорт”.

Триесет-годишниот напаѓач беше казнет за 8 настапи во Примера дивизијата за навреда на судијата на мечот против Барселона (0:2). Потоа излезе информација дека Диего Кошта одбил да тренира поради казната, наметната од клубот.

Договорот на играчот со Атлетико Мадрид истекува во јуни 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави