„Воините” не се загрижени од поразите

Во Голден Стејт остануваат смирени, и покрај вториот последователен пораз од Хјустон, по што резултатот во серијата стана 2-2.

Шампионот на НБА не изгледа особено убедливо, откако единствено Кевин Дурант е на одлично ниво, додека другите ѕвезди Стеф Кари и Клеј Томпсон се непостојани. Но, во логорот на „воините” не се загрижени.

– Мислам дека атмосферата е одлична. Духот на сите е висок и ние само треба да поправиме некои работи. Ги знаеме проблемите и како да ги поправаме. Јас треба да бидам лидерот и сум убеден дека другите ќе ме следат и ќе победиме, изјави Дрејмонд Грин.

Во натпреварите кои Голден Стејт ги загуби, „ракетите” имаа предност во скоковите со 98-72, што беше во основата на поразите.

– Ние не одговоривме на нивниот физички пристап во последните минути. Треба да бидеме поагресивни и постојано да играме, додаде тој.

Тренерот на тимот, Стив Кер исто така не покажа загриженост, откако посочи дека знаат кои се силните страни на тимот.

– Ова е плејофот, каде играат најдобрите тимови во лигата. Се среќаваме со голем ривал, но знаеме каков е нашиот план и какви се нивните предности. Сè зависи од борбеноста и борбата на теренот, истакна тренерот Стив Кер.

Треба да знаете
Последни објави