Годин се расплака на простувањето со Атлетико

Долгогодишниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Диего Годин се расплака на денешната специјална прес-конференција, на која официјално објави збогување со „јорганџиите” по крајот на оваа сезона.

– Атлетико беше моето семејство, мојот клуб, мојот дом. Многу е тешко да се каже збогум. Времето поминато тука беше прекрасно, благодарам на сите. Најубавата фаза од мојата кариера и мојот живот е завршена. Горд сум да бидам дел од историјата на овој клуб, изјави ветеранот.

Годин ја игра деветтата сезона во Атлетико Мадрид, а со клубот освои 8 трофеи – меѓу нив титулата на Шпанија и Лигата на Европа (2 пати).

Од новата сезона 33-годишниот централен дефанзивец ќе го облече дресот на италијанскиот гигант Интер. Дефанзивецот, кој има 126 натпревари и 8 гола за репрезентацијата на Уругвај, е дел од составот на Атлетико од 2010 година.
Во својата кариера тој играл уште за уругвајските клубови Серо (2003-2006) и Национал (2006-2007), како и за шпански Виљареал (2007-2010).

Треба да знаете
Последни објави