Search

„Солунска 28” од Неле Карајлиќ ќе биде промовирана на Саемот на книгата

Промоцијата на романот „Солунска 28“ од легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа надреалиста“, д-р Неле Карајлиќ, ќе се оддржи на Саемот на книгата на 9. мај во Промотивниот центар во спортскиот центар Борис Трајковски, со почеток од 18 часот, проследена со дружење со авторот и потпишување на книгата.

Романот „Солунска 28” неодамна ја доби српската книжевна награда „Момо Капор“ за 2018 година. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од Ars Lamina публикации.

Приказната за едно семејство почнува на почетокот на 20 век кога Живота, кој бега од Прахова, и Босилка, која бега од Австро-Унгарија, се среќаваат во Белград, решаваат да почнат заеднички живот и да основаат семејство. И до ден-денес, и покрај војните, бомбардирањата, пожарите, болестите, промената на режими, национализацијата, приватизацијата и другите потреси, куќата на Живота во Солунската улица го има истиот тој број 28. Спојувајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магиски реализам и сараевскиот нов надреализам, д-р Карајлиќ раскажува за историјата на една куќа во дорчолската улица и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на тромеѓата на животот, смртта и вечноста.

Треба да знаете
Последни објави