Салах на прегледи поради повредата на главата, неизвесен против Барселона

Египетскиот репрезентативец и ѕвезда на Ливерпул Мохамед Салах денеска ќе прави прегледи и тестови поради повредата на главата што ја здоби за време на натпреварот против Њукасл.

 

Ливерпул дефинитивно ќе го игра вториот натпревар од полуфиналето на ЛШ против Барселона без Роберт Фирмино, а сега е неизвесен и настапот на Салах кој на носила беше изнесен од теренот откако ја повреди главата.

Денеска Салах ќе направи тестови што ќе дадат одговори за неговата здравствена состојба, а веќе утре Ливерпул игра против Барселона. Резултатите од овие тестирања ќе бидат пресудни во одлуката на менаџерот Јирген Клоп во поглед на составот за овој важен натпревар.

Клоп беше позитивен на прес-конференцијата по саботниот натпревар.

„Докторот мораше да донесе одлука Салах да излезе од теренот. Кога влеговме во соблекувалната седеше и го гледаше натпреварот. Ми изгледаше добро, но мора да почекаме“, рече тогаш Клоп.

Барса на првиот натпревар на Камп Ноу го совлада Ливерпул со 3:0.

Треба да знаете
Последни објави