Search

Лавров ја оцени средбата со Помпео како конструктивна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар, Мајк Помпео разговараа во Финска, по што Лавров повторно предупреди дека американската воена интервенција во Венецуела би била катастрофална и неоправдана, пренесе „Ројтерс“.

Лавров пред новинарите оцени дека состанокот бил конструктивен и направен е напредок во преговорите за стратешката нуклеарна стабилност.

„Се обидевме да не се фокусираме на објавите во јавноста кои немаат многу врска со реалните политики“, изјави Лавров, пренесе „ТАСС“.

Тој изрази надеж дека претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп повторно ќе се состанат.

„Претседателите се согласија да се состанат кога ќе се укаже можност. Сигурен сум дека ќе има такви можности. Кремљ ќе ве извести за тоа“, изјави Лавров.

Треба да знаете
Последни објави